Контакт

Македонија

Спасовски на меѓународна конференција во Будва

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска учествува на меѓународната конференција на тема „Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција: справување со предизвиците што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човечки права и други институции при Советот на Европа“, што во организација на Советот на Европа денес се одржа во Будва, Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

„Република Северна Македонија во последните две години направи низа важни чекори кон усогласување со стандардите на ЕУ. Правната и институционалната рамка за заштита на фундаменталните права во голема мера е воспоставена и реформите ја подобрија усогласеноста со европските стандарди за човековите права. Владата на РСМ јасно ги демонстрира својата волја и решителноста да ги спроведе и препораките на Европскиот комитет за спречување тортура и да направи напредок во спречувањето тортура и малтретирање. Северна Македонија е докажан партнер на меѓународната заедница и ЕУ. Континуирано учествуваме во работата на меѓународните тела и организации, сите регионални и европски иницијативи поврзани со борбата против криминалот, заштитата, промоцијата на човековите права и изградбата на здрави демократски општества. Решени сме и во иднина да продолжиме во тој правец давајќи максимален придонес и во меѓународните иницијативи на ова поле, а со примарна цел за уште поефикасна заштита на човековите права и особено спречувањето на злоупотребите при постапувањето од страна на полицијата“, рече Спасовски.

Тој посочи низа од досега реализираните проекти и активности на полицијата од областа на регулацијата на полициското постапување, притоа особено фокусирајќи се на тесната соработка со Советот на Европа, особено во делот на изработка на стандардни оперативни процедури на полициско постапување во согласност со полициските стандарди на ЕУ и стандардните оперативни процедури за внатрешна контрола на полициските прекорачувања и незаконски постапувања.

„Во оваа пригода сакам да истакнам дека од септември 2016 година се почна со имплементација на проектот ‘Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’, кофинансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа, чија основна цел беше да се воведе ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување надворешен механизам. Во рамките на овој проект беше избран двостепен модел на надворешна контрола т.н. обвинителство плус, кој предвиде воспоставување посебно одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, специјализирано за кривични дела сторени од страна на вработени во МВР со полициски овластувања и од припадници на затворската полиција. Како и посебно надворешно тело (тело за граѓанска контрола или модел „народен правобранител плус“), во смисол на дополнителен коректив, со надлежност да поведува постапка по барање на странката жртва или на член на неговото семејство или по иницијатива на претставници на невладиниот сектор, како и по сопствена иницијатива по добиени сознанија (допрен глас) за можни повреди на правото на живот и забрана на тортура“, потенцира министерот Спасовски.

Во тој контекст Спасовски нагласи дека од декември 2018 година почна со работа Одделението за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, кое е позиционирано во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа тој посочи дека целиот овој механизам за надворешен надзор веќе дава резултати илустрирајќи дека веќе во првите три месеци од своето формирање наведеното Одделение постапуваше по предмети против 15 лица, од кои против две лица е поведен обвинителен акт и за две лица е одреден притвор.

На конференцијата, покрај претставници на Советот на Европа и Европската Унија, присуствуваа претставници од земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Македонија

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Чаир денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет36 минути

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет2 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија15 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија15 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија17 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија20 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија20 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија21 час

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија22 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија22 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија22 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија23 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија23 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија24 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет1 ден

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа1 ден

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија1 ден

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...