Македонија
Спасовски на средби со дуќанџии во Автокоманда
Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, имаше средби со дуќанџии во населбата Автокоманда, во скопската општина Гази Баба.
На средбите се разговараше за преземените мерки за заштита на микро бизнисите во здравствено-економската криза, како и за новите мерки за развој на економијата во Програмата на СДСМ.
„ Во Програмата на СДСМ се обврзуваме за брза трансформација на македонската економија. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти и раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Покажавме дека кога има политичка волја, парите се насочуваат кон потребите на граѓаните, кон најзасегнатите, тоа е правично и праведно и така ќе продолжиме да работиме, уште повеќе и подобро“, рече Спасовски.
Тој зборуваше и за реализацијата на домашната платежна картичка како мерка којашто им помага на засегнатите категории граѓани, но и ја поттикнува потрошувачката на домашни производи: храна, текстил, домашни услуги.
„ Наменивме 28 милиони евра и граѓаните деновиве ги добиваат платежните картички за купување домашни производи или користење услуги, станува збор за невработени лица и приматели на социјална помош, кои добиваат 9.000 денари, а вработените со ниски примања и младите од 16 до 19 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари. За поддршка на домашниот туризам се доделуваат и ваучери од 6.000 денари на лица со ниски приходи. Сето тоа ќе ви помогне и на вас во дуќаните, бидејќи луѓето ќе доаѓаат тука и ќе купуваат, а со тоа ја ревитализираме и економијата.
Нема напредок со режим, сиромаштија, уцени, закани, затворање фирми, клучеви на врата од инспекции, кражби, криминал, национализам, во меѓународно изолирана земја, како што ВМРО-ДПМНЕ владееше – тие мрачни времиња се зад нас.
„ Пресвртот е направен и победата е на страната на прогресивните водства кои носат сигурност на луѓето и бизнисите. Во програмата се обврзуваме на правичност и силно ќе ги поддржиме домашните микро, малите и средни претпријатија. Важни се изборите на 15 јули за вашата сигурност и за сигурноста на државата, затоа излезете на гласање, да продолжиме по правиот пат“, рече носителот на листа, Спасовски во разговорите со граѓани и дуќанџии во Автокоманда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

