Македонија
Спасовски: Од верските заедници очекував поизразито чувство за здравјето на граѓаните

Премиерот Оливер Спасовки вчерашниот собир во Струга го опиша како сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и неодговорност кон државата.
Тој истакна дека очекувал од верските заедници да го почитуваат здравјето на граѓаните.
„Очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и како човек сум длабоко разочаран од постапката што се направи вчера во Струга“, рече Спасовски.
Спасовски од Пробиштип порача дека надлежните институции треба да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи собирот на граѓаните во период на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Итна седница на Советот на Град Скопје во вторник

Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани.
Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје кои во рамки на коодинираните активности за помош на семејствата на жртвите и повредените при катастрофалниот настан во Кочани, организираат итна седница на Советот на Град Скопје која претседателот на Совет ќе ја свика за вторник 18 март.
Македонија
Владата ќе одржи вонредна седница, ќе биде прогласена 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани

Владата денеска во 16 часот ќе одржи седница.
Според информациите со кои располагаме, Владата ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани.
Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.
Македонија
(Фото) 18 лица хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“

Се зголемува бројот на родители, роднини и пријатели пред Градската општа болница „8 септември“ во обид да добијат информација за состојбата на своите најблиски.
Тука, според последните информации, има 18 пациенти.
Забележливи се и екипи на Црвениот крст.
Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените.
Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:
ГОБ 8 Септември – 071226764
Клинички центар- 070387115
СВ Наум Охридски – 075203026