Македонија
Спасовски со германскиот амбасадор Герберих: Продолжува поддршката од Германија на патот на земјата во ЕУ
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, имаше средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјата, Томас Герберих, кој му честита за преземањето на функцијата.
На средбата е констатирано дека Република Северна Македонија и Сојузна Германија имаат одлични билатерални односи, кои ги карактеризираат динамичен дијалог и стабилно партнерство и беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката и во наредниот период.
Премиерот Спасовски се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Германија во сите процеси, со цел, како што нагласи, остварување на главните стратешки цели на нашата земја, членството во Европската Унија и НАТО.
Тој истакна дека за тоа беа потребни храбри одлуки и изрази очекување дека набргу нашата земја ќе стане полноправна членка на НАТО. Ратификацијата на протоколот во Шпанија веќе е почната, а Владата го достави предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието.
На средбата беше истакнато дека вчерашната посета на еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Вархеи, донесе умерен оптимизам дека може да се очекува позитивна одлука од ЕУ за почеток на преговорите.
Премиерот Спасовски нагласи дека Владата ќе продолжи да дава дополнителни позитивни аргументи за таква одлука на ЕУ, како што се подготвеноста за продолжување и одржување политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи, спроведување на реформите и функционирање на институциите, владеењето на правото и дополнителни напори за изнаоѓање политички решенија за клучни законски реформи.
На средбата меѓу премиерот Спасовски и Герберих беше искажана подготвеност дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори заради стабилизирање на демократските и реформските процеси како придонес на позитивен развој на процесите важни за граѓаните на Северна Македонија и регионот, со што ќе се застане на патот на неизвесноста во земјата.
Премиерот Спасовски повтори дека во наредниот период продолжува нормалното функционирање на државата и нагласи дека обезбедувањето услови за фер и слободни избори е приоритет укажувајќи дека е значајно да се сочуваат безбедноста и стабилноста внатре во државата.
„Работиме на одржување на сè она што е досега направено и упатуваме порака да ги интензивираме соработката и политичкиот дијалог со сите институции важни за изборниот процес со цел да го одржиме нивото на демократските процеси воспоставени на претходните избори, референдумот и изборите за претседател на државата што ги организиравме“, истакна премиерот Спасовски.
На средбата беше истакната и повторената германската поддршка за скорешно почнување со пристапните преговори на нашата земја со Европската Унија и дека процесот за развој на методологијата не смее да донесе поместување на пристапните преговори.
На средбата премиерот Спасовски и амбасадорот Герберих позитивно ја оценија одличната соработка во разни сфери, особено во економијата меѓу двете земји, и беше изразена подготвеност за унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и СР Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
„Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

