Македонија
Спасовски чека плата: Немам поим колку ќе изнесува, ќе видам кога ќе стигне
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема земено плата. Тој не знае колку таа ќе изнесува со зголемувањето што му следува и нему како функционер. Тврдеше дека минатата плата му била иста, како што вообичаено ја добивал.
„Немаме земено плата. Старата плата беше со ист износ како претходната. Новата плата не е исплатена. Немам поим колку ќе биде, ќе видам кога ќе стигне. Не знам колкава е новата плата по пресметките. Минатата плата ја зедовме како што беше по старо“, рече Спасовски.
Досега во Собранието нема предложени измени на законот со кој ќе се спречи енормното зголемување на платите за избраните и именуваните функционери.
Поголемите плати ги донесе укинувањето на фиксната основица според која се пресметуваат платите на избраните и именуваните лица. Од пратеници преку градоначалници и владини функционери, именувани лица во претпријатија и државни фирми, па до судии – сите ќе добијат поголеми плати во согласност со одлуката на Уставниот суд. Сите се правдаат дека одлуките на Уставниот суд мора да се почитуваат, но тоа не значи дека не може да ги сменат законите. Но, очигледно сите се надеваат дека народот и на власта и на опозицијата ќе им заборават дека, прво и единствено, си го гледаат сопствениот џеб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

