Македонија
(Видео) Спасовски: Ќе ги преземеме сите мерки за да организираме фер и демократски избори
Оливер Спасовски, како мандатар и кандидат за претседател на Владата, денеска имаше свое обраќање во Собранието на седница која беше посветена на изборот на преодна Влада.Во своето обраќање, во кое тој побара Собранието да ја прифати предлог листата за составот на преодната Влада, тој ги истакна и најважните поенти од програмата за работа во периодот до изборите и до формирањето на новата политичка Влада согласно резултатите од гласањето на граѓаните.
„Ве уверувам дека како влада ќе ги преземеме сите неопходни мерки, ќе имаме конекција со сите релевантни институции за организација на предвремените парламентарни избори. Апелирам до опозицијата да се охрабри и да биде дел од овој процес, да се тргнат сите флоскули на политиканство и да испорачаме резултати, кои не смеат да бидат ни милиметар помалку од успешен изборен циклус“, порача во експозето мандатарот на новата техничка влада, Оливер Спасовски, истакнувајќи дека во периодот што претстои ќе треба да се организираат фер и демократски избори.
„Порачувам дека не треба да има застој во работата на владата и министерствата. Оваа влада ќе ја има честа да го верификува членството во НАТО, а со тоа ќе го исполниме 20-годишнот стремеж на државата да стане дел од алијансата. Реформите за влез во ЕУ мора да продолжат, да работиме заеднички кон таа стратешка цел. Исто така, треба да продолжат и реформите во првосуството, да се справиме со криминалот, корупцијата…
Сите обврски ќе се реализираат во рамките на транспарентна и одговорна и отчетна влада. Ве уверувам дека како прв човек ќе ги вложам сите свои капацитети и знаења преодната влада да биде на ниво на задачата и да го исполни сето она што го почна Владата на Зоран Заев“, истакна Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

