Македонија
Средба Заев-Тигањ: Евроинтеграцискиот процес на Македонија е заеднички интерес
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, која на средбата ја пренесе благодарноста на државниот врв и на народот на оваа земја за брзата помош и поддршка за граѓаните на Хрватска кои беа погодени од силниот земјотрес.
На средбата беше нагласено дека е од заеднички интерес евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија во ЕУ да добие забрзана динамика уште за време на актуелното претседателство на Португалија за да се создадат услови за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
По однос на прашањето со Бугарија премиерот Заев истакна дека Северна Македонија останува посветена на дијалогот и дека со новата влада на Бугарија ќе биде постигната согласност за надминување на актуелната ситуација и за имплементацијата на Договорот за добрососедство и пријателство.
„Ги почитуваме сите различни европски идентитети и јазици, и подеднакво очекуваме да се почитува и нашиот македонски идентитет, и македонски јазик. Тоа е европска вредност и од земјите членки на ЕУ бараме да опстанат на европските вредности“, рече на средбата премиерот Заев.
Амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, изрази огромно задоволство од можноста припадниците на хрватската заедница во Северна Македонија во пописот да го истакнат својот национален идентитет, како и задоволство од искажаниот интерес за потпишување договор помеѓу Националната радиотелевизија на Северна Македонија и Хрватската телевизија за размена на програмски содржини.
Таа ги пренесе личните поздрави од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, до премиерот Заев придружени со очекување за интензивирање и дополнително динамизирање на веќе одличната соработката помеѓу двете земји.
Премиерот Заев се заблагодари за поздравите на премиерот Пленковиќ и изрази надеж дека наскоро ќе биде реализирана неговата посета на нашата земја која минатата година беше одложена поради ситуацијата со пандемијата, како и очекувањето што поскоро да има и заедничка седница на двете влади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.
Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.
Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.
Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

