Македонија
Средба на министерката Сања Божиновска со претставници од Амбасадата на САД: Целиме кон зајакнат, модерен и доверлив електроенергетски сектор
Зајакнување и проширување на постојната гасоводна инфраструктура, подготовките за претстојните енергетски проекти и состојбата во акционерските друштва во државна сопственост АД ЕСМ и АД МЕПСО беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и претставници на Амбасадата на САД во Скопје.
На средбата, на која учествуваа шефот на економскиот сектор Рајан Милер и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата, беа разгледани и можностите за искористување на енергетските потенцијали на Македонија со акцент на обновливите извори на енергија.
„Нови проекти и целосна диверзификација на портфолиото на нашите енергетски компании, консолидација и зајакнување на нивните перформанси се клучни цели кон кои решително тргнуваме во реализација. Целиме кон зајакнат, модерен и доверлив електроенергетски сектор, подготвен за претстојните предизвици што доаѓаат со зелената транзиција“, рече Божиновска.
На крај, се разговараше за посетата на министерката Божиновска на почетокот на септември во САД, на која ќе оствари средби на високо ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

