Македонија
Средба Спасовски – Мекачи: Заштитата на човековите права да биде приоритет, без оглед на етничката група

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, денеска оствари средба со директорот на Канцеларија на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Матео Мекачи, на која беше изразено задоволство од досегашната успешна соработка и напредокот во демократските изборни процеси.
Исто така, двајцата соговорници дискутираа за прашања од областа на криминалот од омраза и дискриминацијата како важни предизвици за секое мултиетничко општество во кое заштитата на човековите права неопходно е да биде приоритет, без оглед на етничката група на која граѓаните припаѓаат. Притоа беше потврдена важноста од добрата обученост на службите, активностите во насока на јакнење на јавната свест и транспарентноста на институциите за спроведување на законот, што е пропорционално со довербата на граѓаните. Во контекст на ова, на средбата беше констатирано дека ромската етничка заедница е успешно интегрирана во македонското општество.
Притоа, Спасовски ја потврди отвореноста за партнерство на МВР во однос на учество во проект за набљудување јавни собири, кој беше понуден од страна на Канцеларија на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, со која МВР и досега бележи успешна реализација на заеднички проекти. Двајцата соговорници изразија уверување дека успешната соработка во области од заеднички интерес ќе продолжи и во периодот што следува земајќи го предвид унапредувањето на Република Северна Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.