Македонија
ССМ поднесе нови кривични пријави против група фалсификатори, негира физички напад врз лидерот на исклучените синдикати
Тринаесетте грански синдикати и легитимно избраното раководство предводено од претседателот на Сосјузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Живко Митревски, јасно го добија легитимитетот и со најновото решение од Министерството за труд и социјална политика со кое ее поништено ретходното донесеното Решение од поранешната техничка министерка, донесено врз основа на фалсификувани документи, донесено врз основа на незаконити и нестатутарни дејствија спротивни на Закон и Статутот на ССМ, се вели во соопштението од ССМ во кое се негираат претходните информации дека во зградата на ССМ Дарко Димовски, бил физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија.
Истовремено во петокот од ССМ и синдикатите кои го поддржуваат Митревски, објавија дека дека против групата фалсификатори, Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, беа покренати повеќе кривични пријави за фалсификување на исправи, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, лажно претставување, за кои се отворени кривични постапки и истраги пред Основното јавно обвинителство, за кои се предвидени казни затвор од 3 до 10 години.
„Против лажно претставуваниот в.д. претседател Дарко Димовски, сторител на повеќе кривични дела поднесени се повеќе нови кривични пријави вклучително и за групата фалсификатори и синдикални пензионери за насилно превземање на зградата на ССМ, нарушување на владение, попречување на нормално функционирање на ССМ, попречување на работата на други грански синдикати, самовластие и други кривични дела, за кои исто така се предвидува повеќе годишни казни затвор“, се наведуведува во соопштението..
Во четвртокот Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што тој останува легитимен претседател на ССМ.
Претходно во четвртокот членови на гранските синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, кои избраа ново раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), се собраа во холот на зградата на ССМ со цел да спречат од нив разрешениот претседател на ССМ Живко Митревски да ги исели од зградата. Тие упатија апел до Централниот регистар да ги впише промените во раководството на ССМ што тие ги изгласале на 13-ти ноември лани, а кои се потврдени со решение од Министерството за труд и социјална политика.
Според последните изјави на Живко Митревски, на седница на Советот, 13 гранкови синдикати гласале за исклучување на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, заради, како што тврди, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, кршење на Статутот и неплаќање членарина редовно.
Во денешното соопштение на ССМ се истакнува дека за групата „фалсификатори и синдикални пензионери, нема место во синдикатот“. „Таквите луѓе не заслужуваат понатаму да вршат какви и да било функции поради извршените кривични дел и злоупотреба на волјата на членството, кое застана зад Митревски и легитимно избраното раководство на 19-тиот Конгрес на ССМ“, се додава.
„Со ова соопштение накрај сакаме најостро да ја демантираме најновата лага на манипулаторот Дарко Димовски, кој на најбезобразен начин пласира нова лага дека бил физички нападнат. Станува збор за нова лага со цел истиот и групата фалсификатори да се извлечат од кривичните дела“, истакнуваат од ССМ.
Според нив било спречено „дивеењето и алкохолизираната состојба и разрушениот инвентар“, и притоа службите на ССМ во присуство на полиција ги отстраниле сите пречки за нормално функционирање на зградата на ССМ и на институциите кои делуваат во неа.
„ССМ и 13-те грански синдикати за разлика од 4-те други кои се исклучени од ССМ се фокусирани на спроведување на програмата на ССМ и на обезбедување на работничките права и интерес. Во интерес на членството на ССМ и 13-те здружени грански синдикати останува отворен за соработка со сите добронамерни членови но не и за раководствата кои се препознатливи по фалсификување и синдикално пензионирање“, се заклучува во соопштенеит./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

