Македонија
ССНМ: Владата своеволно го толкува извештајот на „Репортери без граници“ во делот за работничките права
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е зачуден од толкувањето на македонската влада на извештајот на „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.
Соопштението испратено од владината прес-служба со наслов „Владата го одржува нагорниот тренд на Северна Македонија на листата за слобода на медиумите на ‘Репортери без граници’“, претставува своеволно толкување на извештајот и преземање на успесите на други организации и иницијативи на свое конто, сметаат од синдикатот.
„Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во извештајот на ‘Репортери без граници’ не е така нотирано“, истакнуваат од ССНМ.
Од таму напоменуваат дека во извештајот на „Репортери без граници“ како позитивни се истакнати иницијативите и активностите на синдикатот, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија притоа означувајќи ги како многу значајни постигнувања, но од страна на фелата.
„Повелбата за работните услови на новинарите и нацрт фер-договорите за вработување на новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми беа потпишани од Самостојниот синдикат на новинари и Медиумски работници во соработка со ЗНМ и СЕММ, со што се обврзаа на почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници, нивното право на слобода на изразување, како и етички и професонални стандарди“, стои во резимето од извештајот на „Репортери без граници“, објаснуваат од ССНМ, додавајќи дека во извештјот исто така се наведува дека повелбата е дел од еден подолг процес кој сè уште трае .
ССНМ истакнува и дека работничките права на новинарите и медиумските работници се под постојана закана.
„Наши колеги се соочуваат со правна, социјална и економска несигурност, несигурност на работното место, а прекаријатот е сериозно распространет, особено во дигиталните медиуми. Исто така, во голем дел од таканаречените традиционални медиуми не се почитуваат основните работнички права, а во голем дел од нив на сила се директни забрани за синдикални активности што е спротивно на Законот за работни односи“, се наведува во соопштението.
Самостојниот синдикат ја поздравува одлуката на владата економските мерки за време на кризата со коронавирусот да важат и за медиумите, но напоменува дека ако оваа состојба продолжи, тие нема да бидат доволни за зачувување на работните места на новинарите и медиумските работници.
„Новинарите и медиумските работници од почетокот на кризата со коронавирусот се една од најизложените професии во земјава, извршувајќи една од најважните алки во борбата против епидемијата – правовремено и точно информирање на граѓаните. Професионалното известување е еден од најважните фактори во вонредни ситуации како оваа, а новинарите и медиумските работници професионално можат да ја вршат својата работа само доколку се економски и социјално обезбедени“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

