Македонија
Еден починат, 28 новозаболени и 48 излечени од коронавирус во земјава
Министерството за здравство информира дека денеsка Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Според најновите податоци, сега во земјата има починати вкупно 56, излечени 272, а заболени 1259.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 422
Куманово – 342
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –126
Тетово – 62
Струга – 55
Велес – 62
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR-метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.