Македонија
ССНМ: Медиумите да преземат превентивни мерки за заштита при работа на медиумските работници на високи температури

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, посебно на оние новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено.
„Земјава според УХМР е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза, која носи опасност од влошени временски услови кои носат значителен ризик по здравјето на луѓето, и може да предизвикаат опасност и несреќи.
Новинарите и медиумските работници по службена должност мора секогаш да се на терен и да известуваат при секакви временски услови и токму затоа треба да се внимава и соодветно на условите, да се постапува при извршување на работните задачи. Сето тоа со цел да го заштитат своето здравје, а истовремено да им овозможат правовремена и објективна информација на граѓаните.
Укажуваме дека во овие временски услови најдобро е да се почитуваат препораките и советите Институт за јавно здравје за справување со топлото време, и новинарите и медиумските работници да не бидат изложувани на непотребен ризик по здравјето при извршувањето на своите обврски“, велат од ССНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.