Македонија
(Видео) Стаменковска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат потпишано платформа дека нема да гласаат за уставни измени
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема потпишано платформа со која се обврзува дека нема да гласа за уставни измени, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.Таа ги отфрли информациите во јавноста дека партијата се подготвува на ваков чекор. Стаменковска вели дека пратениците не оствариле средба со претставници на власта, по најавите дека премиерот ќе се обиде да убеди уште деветмина пратеници, колку што му фалат, за да обезбеди двотретинско мнозинство. Таа го повтори ставот дека таа лично нема да гласа за уставни измени согласно со договорот со Грција.
На прес-конференција таа се осврна и на администрацијата, барајќи од власта да одговори дали е вистина дека во Генералниот секретаријат на Владата над 50 вработени неосновано се казнуваат со дисциплинска одговорност. Стаменковска рече дека власта продолжува со притисоци во администрацијата, а во таа насока обвини дека од ЈСП биле избркани тројца вработени, ден по референдумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

