Македонија
Старата Градска болница нема да работи три месеца поради реконструкција

Од септември наваму се реконструира третиот кат на старата градска болница во Скопје „Свети Наум Охридски“ во центарот на градот, а кога работата ќе се префрли на подолните катови, каде се операционите сали на сегашната Универзитетска хируршка клиника, таа нема да работи три месеца.
Директорката на болницата Јасминка ЧабуковскаРадуловска појасни дека во моментов во завршна фаза на реконструкција е третиот кат, а кога градежните работи ќе се префрлат на подолните спратови каде што се операциските сали, Универзитетската клиника по хируршки болести нема да работи три месеци.
„Во договор со Министерството персоналот во тие три месеци ќе биде прераспределен во други установи“, рече ЧабуковскаРадуловска.
Со реконструкцијата на внатрешноста на старата градска болница „Свети Наум Охридски“, во која повеќе од 80 години ништо не е променето, ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, рече во вторник министерот за здравство Никола Тодоров при увидот на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година.
„Имаме комплетна темелна реконструкција на внатрешноста односно на собите, ходниците, салите и интезивната нега, а ќе се изградат и тоалети во поголем дел на соби, со што ќе се подобри стандардот на нега и услугата во болницата“, рече Тодоров.
Реконструкцијата ќе чини два милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра со кои се опфатени поголем број здравствени установи во државата, а треба да заврши оваа година.
За подобрување на услугата во болницата, Тодоров рече дека досега 28 доктори се испратени на едукација во странство, 21 се на специјализација, од кои во моментов двајца се во странство.
Во болницата во 2015 година имало 280 илјади пациенти, а минатата година во „Градска“ помош побарале 316 илјади пациенти./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.