Македонија
(Видео) Стевананџија побара оставка од Богоевски поради законот за јазиците
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, од собраниската говорница му се обрати на пратеникот Павле Богоевски на кого му кажа дека интерпелацијата е поради него, како што рече, да му проработела совеста.
„Ако има искрени и реални пратеници, нема да има влада вечерва“, рече Стевананџија.
Тој прочита цитат на Богоевски, каде што кажал: „Најдете доказ, ако Заев заговара двојазичност, јас ќе се повлечам од функцијата“. Стевананџија му рече на Богоевски да се казни самиот себеси и да се повлече од функцијата.
„Очекуваме Павле Богоевски да поднесе оставка, да ѝ се извини на јавноста и да проработи совеста во него за да биде вистинскиот борец за човекови права. Вака сè е фарса“, рече Стевананџија.
Богоевски на ова одговори дека е лага и манипулација и побара од Стевананџија да ја прочита целата изјава и дека тоа се однесувало на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев во говор во Швајцарија заговарал двојазичност. Пратеникот Богоевски тврди дека тогаш побарал да му се даде доказ дека Заев го зборувал тоа во Швајцарија и дека ако е вистина, ќе се повлече од предизборната кампања.
„Таа изјава е дадена во изборна кампања кога вие на големо зборувавте дека сегашниот премиер бил на некои посети и зборувал дека ќе воведе двојазичност со сигурност. Јас барав линк и цитат за да се докаже тоа. Ова сега не е двојазичност на начинот на кој вие зборувате. Ова е сега легализирање на правата на секој човек за да комуницира со органите на државата“, рече Богоевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

