Македонија
Стефковски: Нема веќе злоупотреба на службените возила
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на официјалната страна на „Фејсбук“ ги информира граѓаните за воведувањето на новиот мониторинг-систем за службените возила на Општина Гази Баба. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
„Воведен е 24-часовен мониторинг-систем на движењето на службените возила на Општина Гази Баба.
Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг-систем на движењето на службените возила.
Во Општина Гази Баба се работи чесно и домаќински!
Овој систем произлезе како барање на граѓаните, кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила.
Нема веќе користење на службените возила за приватни цели.
На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред Општината.
Градоначалникот и општинската администрација се во Општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите!“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат пониски на почетокот на неделата, а потоа и тие постепено ќе се покачуваат.
Скопје
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Скопје
Три скопски општини денеска без стурја
ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 14.30 часот, корисниците од селата Дељадровци, Миладиновци и Текија, како и корисниците приклучени на приватните трафостаници Макпетрол – Миладиновци – Плинара, ЖТП Миладиновци – Рампа и Патарина Миладиновци. (општина Илинден)
– во периодот од 08.20 до 11.20 часот, корисниците од улиците Карл Либнехт и Модест Мусогорски, објектот на детската градинка Детелинка, како и дел од корисниците од улиците Карл Хрон и Темко Попов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Милан Марковиќ.(општина Карпош)
– во периодот од 11.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Гаврил Лесновски. (општина Карпош)
– во периодот од 11.40 до 14.20 часот, корисниците од улиците Карл Либнехт, Анри Барбис и Темко Попов, како и дел од корисниците од ул. Благоја Стевковски. (општина Гази Баба)