Македонија
Стоилковски: СДСМ/ДУИ подготвени за рестрикции и ценовен шок за струјата
Состојбата со енергетската и финансиската криза во земјава е катастрофална и е далеку од справување и надминување на состојбите, изјави Стоилковски на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека недостигот од електрична енергија и порастот на цената на електрична енергија на пазарот ќе предизвика реални безбедносни предизвици коишто може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици.
„Овој план со којшто е опфатен делокругот на полицијата и безбедноста во услови на енергетска криза и рестрикции е документ од 16 ноември за функционирање, цитирам, ‘во услови на енергетски колапс и рестрикции’. И документ веќе во сила којшто предвидува: ‘Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика засилено ќе ги следи социјалните мрежи заради откривање на лица кои поттикнуваат или повикуваат на нарушување на јавен ред и мир и вршење на други кривични дела’“,изјави Стоилковски.
Според него, со овој документот на власта на СДСМ/ДУИ признава катастрофа во енергетската состојба, признава дека нема решение и дека се подготвува за најлошото – рестрикции и цена на струјата којашто ќе предизвика нарушување на јавен ред и мир, дека се можни безбедносни предизвици, па се воведува документ за посебен режим на полицијата и следење на социјални мрежи и спречување на организирање протести или други реакции за поскапувањето и рестрикциите на струјата
„СДСМ/ДУИ ја колабираа македонската економија, граѓаните ги изложија на здравствен, економски и енергетски колапс, а овој документ тоа го докажува. Ова е нивно признание“, изјави Стоилковски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека што поскоро се организираат избори, што поскоро се смени власта тоа побрзо Македонија ќе почне процес на излегување од кризите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

