Македонија
Стоилковски: УЈП да одговори кои се фирмите блиски до власта, каде што завршиле парите?
Добро е што УЈП признава дека имало криминал со поврат на ДДВ, со кој се испумпуваат пари од државната каса, но страшното е што ова го признаа дури откако беше обелоденето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нафтените компании и нивната разработена шема за измами и за испумпување пари од државниот буџет по основ на поврат на ДДВ за што прв информира претседателот Христијан Мицкоски и за што денеска брифира и директорката Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
И она што е важно прашање, вели Стоилковски, до кога објавување криминал или за криминални случувања поврзани со власта се вели дека е тоа загрозување на истрагата?
„Да потсетам дека истото тоа се случи, односно по објавување криминал и со обвинувања за прекршување, односно нарушување на истрагата, власта настапи од случајот за модуларната, преку пасоши за мафијаши, па понатаму за Онкологија и редица други криминали во кои е вмешана и одговорна власта. Вистинското прашање што треба да го одговори УЈП е кои се тие фирми што се блиски СДС и до ДУИ, односно до власта, каде што завршиле овие пари? Сè друго е замајување на јавноста“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

