Македонија
Стоилковски: Јавноста не доби одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати
Tри дена поминаа, а јавноста сѐ уште нема одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати или тие се само во главата на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Три дена поминаа, а не знаеме дали МВР е целосно неспособно да ги открие странските служби или пак МВР е во соработка со странските служби кои наводно го следат Стево Пендаровски? Три дена поминаа, а не знаеме дали странските служби треба да му бидат алиби на Пендаровски за поразот што го чека или пак СДСМ се обидува да најде причина за следење на опозицијата“, рече Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да одговори дали државата е безбедна или ја шетаат странски служби. Тој праша, чии се тие странски служби и за кои цели следат и фотографираат, како и дали се безбедни ли се кандидатите.
„Гарантира ли Оливер Спасовски фер и демократски амбиент за изборна трка? Гарантира ли фер и демократски изборен ден? Ако претседателскиот кандидат на власта се чувствува небезбеден како треба да се чувствува кандидат на опозицијата?“, праша Стоилковски.
Според него, Стево Пендаровски веќе го најавил својот втор пораз и ги обвинил странските служби како алиби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

