Македонија
Стојановски: Утре нормализација на јавниот превоз во Скопје, за денеска ќе се договориме дали ќе има превоз до 24 часот

Според претседателот на Синдикатот на ЈСП Скопје, Миќо Стојановски, вработените во ова претпријатие ќе треба да се договорат дали денеска од 17 до 24 часот ќе има јавен градски превоз во Скопје или не, по завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје на која беше донесена одлуката за доделување собвенции на јавното градско сообраќајно претпријатие.
Но како што најави, утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски ќе продолжи нормално да функционира како во деновите наназад. по завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје на која беше донесена одлуката за доделување собвенции на јавното градско сообраќајно претпријатие.
„Благодарност до луѓево позади, 500 луѓе што денеска ни дадоа голема поддршка и смрзнаа на овие минусни температури. Благодарност и до 25-те советници во Советот на Град Скопје кои се и од опозицискиот дел што веќе е донесена одлука целосната субвенција за 2024 година на ЈСП да се префрли дали одеднаш или како ќе се договорат за да бидеме мирни во 2024 година“, изјави Стојановски по завршувањето на седницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.