Македонија
Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е за нов клинички центар, но само со изготвен проект
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е за нов клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страници, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа порача дека наместо СДСМ да ги обвинува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, редно е да седнат и да изработат проект за нов клинички центар па потоа, како што рече, ќе се дискутира за заем за реализација на ваков сериозен капитален проект.
„Имено, да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за непостоечки проект, а истовремено тоа да го бара најкорумпираната влада во Европа е крајно бесмислено и несериозно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог-решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ кое би чинело околу 100 милиони евра, како и изградба на ургентен клинички центар, кој би бил наспроти приватната болница ‘Жан Митрев’ и со кој би се поврзале Поликлиниката ‘Букурешт’ и ГОБ ‘8 Септември’ и исто така изградба на уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола, кои би чинеле по десетина милиони евра. Иако Заев го побарал овој предлог на увид, до ден денешен сè уште нема никакви реакции по истиот“, истакна Стојаноска.
Таа обвини дека е срамно и лицемерно СДСМ да го поврзува овој значаен проект со ковид-кризата и со тоа да ја крие нивната неспособност, бидејќи, како што објасни таа, досега имаа речиси пет години да започнат со изградба на нов клинички центар и истиот денес ќе беше во завршна фаза, но тие немаат ниту изготвено проектно решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

