Македонија
Стојанче Рибарев е избран за в.д. претседател на Кривичниот суд
Судијата Стојанче Рибарев е избран за в.д. претседател на Кривичниот суд – Основен суд Скопје 1, откако во понеделникот судскиот совет ја констатираше оставката на досегашната в.д. претседателка Татјана Михајлова, пренесува Телевизија 24.
Рибарев доаѓа од Врховниот суд каде што беше избран за судија во септември минатата година. Тој бил најискусен и затоа е поставен да раководи со Кривичен, се додека не се избере нов претседател.
Инаку, судскиот совет го избра и Јово Вангеловски за старо нов претседател на Врховниот суд. Вангеловски беше претседател пред четири години и по првиот мандат не се кандидираше за продолжување на мандатот. Во последната трка покрај Вангеловски беа и поранешната претседателка Лидија Неделкова, в.д. претседателката Снежана Бајлозова и судијката Беса Адеми./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

