Македонија
Студентите и раководството на ФИНКИ на протест пред Владата
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со одлука од деканатската управа, напладне ќе организира мирен протест пред Владата. Според најавите, на отворено ќе се одржи и седница на наставно-научниот совет на Факултетот.
Од ФИНКИ бараат власта да ги подобри условите за студирање на студентите.
Од неформалната организација Студентска револуција соопштија дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.
„Како неформална организација го поддржуваме протестот на ФСС ФИНКИ и УСС пред Владата. Воедно, ја користиме оваа пригода да ве повикаме сите студенти, професори, вработени на УКИМ заедно да излеземе пред Владата со едно прашање:„Како преку вештачката интелегенција да дојдеме до таа зграда на ФИНКИ?“, велат од неформалната организација Студентска револуција.
Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18 овој месец донесе заклучоци, со кои побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање привремено или трајно користење, без надомест, на објектот што се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, во согласност со барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина.
Факултетот бара Владата да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование како орган на државна управа во состав на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

