Македонија
Студентите од Институтот за безбедност, одбрана и мир во посета на касарната „Илинден“, Петровска им порача дека одбраната и Армијата се отворени за млади и мотивирани кадри
Министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со студентите од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои беа во посета на касарната „Илинден“, каде одблиску се запознаа со дел од капацитетите и начинот на функционирањето на Армијата.
Во своето обраќање министерката Петровска на студентите им го образложи начинот како тие можат да станат дел од одбраната и Армијата и на тој начин да дадат личен придонес кон зацврстувањето на безбедноста.
„Во наредниот период, по крајот на изборите, во соработка со факултетот со кој имаме и потпишано Меморандум за соработка ќе воспоставиме програма за практична работа преку која секој од вас кој е заинтересиран ќе може да извршува практична работа во Министерството и во Армијата. Доколку имате интерес и покажете успех и понатаму ќе имате можност да останете како дел од кадарот во министерството и Армијата“, рече Петровска.
Министерката им посочи на студентите за важноста, вредностите и професионалноста на припадниците од Армијата како и на поддршката и довербата која континуирано ја добиваат од граѓаните.
„Трудот кој го вложуваат овие професионалци во гарантирањето на нашата безбедност, на државата и како дел од Алијансата е непроценливо. Сè што изминатиот период направивме и поддршката која ние ја дадовме е повеќе од заслужена“, истакна Петровска.
Во дијалог со студентите кои беа заинтересирани за различни теми од полето на одбраната, министерката одговараше на нивните прашања за модернизацијата на Армијата, за нашето членство во Алијансата, како и за можностите за нивен иден ангажман во Министерството и Армијата.
За време на посетата на касарната Илинден студентите имаа можност да проследат ориентационен брифинг, брифинг за историјата и задачите на Баталјонот за специјални сили „Волци“, методско-показна вежба, ТТ збор како и презентација за справување со дезинформации од професорот на Правниот факултет на Универзитетот Мињо од Португалија, Бруно Рејно де Соуса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.
Македонија
Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители
Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025.
Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, нити има намера да се мешаме, во овие две тела.
– Исто така наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека целта е комплетна автономија во правниот систем.
Но ако забележиме било какво влијание од поранешни политички елити или други точки на влијание ќе има сериозна кривична одговорност. Немаме намера ниту милиметар да отстапиме, изјави Мицкоски.