Македонија
Студенти одржаа симулација на седница на Советот за безбедност
Студенти на катедрата по меѓународни односи на Филозофскиот факултет при УКИМ денеска одржаа симулација на седница на Совет за безбедност, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, со поддршка од партнерската фондација „Фридрих Еберт“.
Во симулацијата учествуваа девет студенти и секој од нив беше во улога на член на Советот за безбедност.
Темата на дискусија беше „Заштита на животната средина и аерозагадувањето“, а двајца од студентите го претставуваа министерот за животна средина и просторно планирање и поранешениот директор на Државниот инспекторат за животна средина.
Претседателот Стево Пендаровски учествуваше во симулацијата и ја водеше како редовна седница на Советот за безбедност.
„Целта на симулацијата е да се доближи работата на институциите кон младите кадри и практично да се запознаат со процедурите на функционирање на државните органи и тела“, порача претседателот Пендаровски.
Пред студентите, претседателот ја образложи улогата на Советот за безбедност, неговиот состав и работа, додавајќи дека најчестите теми на Советот досега биле политичката и безбедносната состојба во државата.
„Бидејќи институциите работат за интересите на граѓаните, за првпат на седница на Советот за безбедност разговаравме и за животната средина на која присуствуваа и претставници од невладиниот сектор. Здравствената криза, пандемијата, вакцините, лажните вести беа, исто така, теми на Советот за безбедност изминатиов период“, рече претседателот Пендаровски.
Во насока на автентично изведување на настанот, студентите добија материјали и информации и беа запознаени со одредбите на Законот за класифицирани информации и со безбедносните сертификати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

