Македонија
Судење за „Титаник 2“, Мијалков во фокусот, обвинителот се надева дека делото нема да му застари
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше центар на вниманието на денешното судење за „Титаник 2“ откога на минатото рочиште не беше спроведен од затворот во Струга, каде што издржува казна за „Империја“.
Еден и пол час помина во судницата на Кривичниот суд, без ниту едно прашање за сведоците, кои одново се сослушуваат. Единствен разговор му беше со неговите адвокати. За разлика од другите обвинети, тој седеше во задните клупи на судницата.
Прв сведочеше Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија во периодот за кој обвинетите се гонат за изборни нерегуларности.
Прашања имаа обвинетиот Мендух Тачи и неговиот адвокат, потоа и ексчленот на ДИК и обвинет, Бедредин Ибраими, а најмногу интерес имаше од Сашо Срцев, кој исто така е поранешен член на ДИК.
Прашања имаше и Бедредин Ибраими, го поучи Кондарко: „Од управна постапка конструираме кривично дело“.
На ова реагира судијата Огнен Ставрев: „Бедредин, Бедредин…“, а Ибраими дополни: „Не, не, само да појаснам“.
Судијата реагира дека треба да прашува, а не да констатира: „Ќе имате можност во завршен збор, ова не е прашање. Ќе имате право да зборувате, но не сега“.
По Кондарко, одново сведочеше и ексчленот на ДИК, Виолета Дума. Уште на почетокот кога требаше да се утврдуваат лични податоци, судијата Ставрев рече: „Да не ви барам лична карта, илјадапати сте биле овде“, на што Дума му врати: „Не ја менувам, доживотна ми е“.
„Тоа што сум го кажала тогаш, тоа е. 10 години поминаа, на нешто можам да се сетам, на нешто не се сеќавам“, рече Дума на прашањето од обвинителот Гаврил Бубевски дали таа останува на кажаното од претходните рочиште.

Претставникот на ДУИ во ДИК во 2013 година, Субхи Јакупи, одговараше најмногу на прашања од обвинетиот Мендух Тачи и на Сашо Срцев. Тачи побара да прашува на албански оти, како што рече, ќе било невкусно ако прашувал на македонски.
За претпоследниот сведок, никој немаше прашање, а последниот, Васил Крстев, сам си кажа дека на ништо не се сеќава оти заборавил со оглед дека е пензионер.
„Не памтам што ме прашуваа. Пензионер сум. Сум се потрудил да ја зборувам вистината“, рече Крстев одговарајќи на прашањето од обвинителот Бубевски дали останува на претходно дадениот исказ.
Сите сведоци третпат доаѓаат во судницата. Државното правобранителство побара државата да биде обесштетена.
Делото на Мијалков во „Титаник 2“ му застарува за четири месеци. Роковите за застарување на делата на другите обвинети е подолг.
„Судот прави напори за ова да заврши во најбрз можен рок. Се надевам дека и Апелација до застапување апсолутна застареност ќе има своја одлука по предметот“, вели обвинителот Гаврил Бубевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

