Контакт

Македонија

Судот ги одби сите барања на одбраната во „ТНТ“

Објавено пред

Во петнаесет минути од стартот на рочиштето за ТНТ, судот ги одби сите барања на обвинетите и одбраната за произнесување. Единствен кој доби збор е обвинителот Бурим Рустеми, кој побара да се одбијат сите докази, освен еден, кои се предложени од нив. Судијата Огнен Ставрев праша кој е ставот на одбраната и обвинетите, но никој не доби збор, туку пауза. Адвокатите реагираа и посочија дека имаат право да се произнесат зошто се предлагаат доказите, но судијата Огнен Ставрев не дозволи.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миле Јанакиески и Тони Трајковски кажаа дека ќе останат без ниту еден изведен материјален доказ, а со тоа и без одбрана, но судот остана на истиот став.

Рустеми даде согласност само еден доказ да се изведе, а за сведоците постави услов: „Нагласувам дека доколку одбраната се согласи исказите на сведоците кои се сослушани во таа постапка да се читаат, ќе дадам согласност истите да се прочитаат, а доколку не дава, јас не се согласувам истите да бидат повикани, бидејќи, како што реков, за тие околности веќе има доволен број докази, а нивното повикување е одолговлекување на постапката“. Ова за обвинетите е со цел постапката да заврши побрзо, а тие да бидат осудени.

„Зедов обврска да се произнесам за доказите на одбраната. Забележав дека има поголем број поднесоци, односно 29 поднесоци и всушност се предложени стотици докази, односно повеќе докази од тие што се предложени редовно со поднесениот приговор. Заклучувам дека постапувањето на одбраната е со цел да се опструира процесот и со голем број предложени докази дс се спречи судот да заврши предметот кој се суди четири години, за кривично правен настан, за кој обвинетите имаат едно до две дејствија. Ваквото убедување ми се зацврстува и од фактот дека обвинетите во текот на целата постапка и истрага имале ангажирани бранители коишто биле свесни во која фаза може да се предлагаат  доказите, како и дека не може повеќе докази да се предлагаат по поднесување обвинение отколку пред тоа во фаза на истрага. Ги анализирав предлозите, сметам дека за сите околности за коишто доказите се предложение сме изнеле повеќе докази како од Обвинителството така и од одбраната. Затоа сметам дека не е потребно да се предлагаат докази бидејќи судот веќе може од поднесените докази да ја утврди фактичката состојба. Голем број од доказите се однесуваат на одредби, закони, правилници, се бара од судот да прибавува докази, се предлага колумни и докази од интернет кои сметам дека судот не треба да ги прифати бидејќи одбраната требало доказите кои биле релевантни  да ги предложи пред поднесеното обвинение. Освен доказот со поднесок од Павле Гацов, вешто лице кое дополнува вешт наод од 2019 година, а имајќи предвид дека главното вештачење е веќе изведено и ова вештачење е дел и дополнување на тоа вештачење, се согласувам да се изведе како доказ. За останатите, одбивам да давам согласност да се изведат бидејќи тоа ќе доведе до повреда на принципот на судење во разумен рок, имајќи предвид колку трае постапката, а убеден сум дека не е повредено правото на одбрана”, рече Бурим Рустеми.

По ова, судот даде пауза.

Дека ќе бидат одбиени сите докази, алармираше адвокатот Мерџан Даути пред еден месец. Тој кажа дека за ова веќе бил известен на средба со Рустеми. Тој тогаш потенцираше дека пресуда ќе има до средината на декември, а единствен начин тоа да се направи, според него, е ако се одбијат сите докази на обвинетите и нивната одбрана.

Македонија

Гаши за Денот на независноста на Косово: Празникот е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата

Објавено пред

Претседателот на Собранието Африм Гаши со честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.

dobivaj vesti na viber

„Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава.

Република Северна Македонија и Република Косово уживаат одлични односи. Нашите соседски, општествени и историски врски се силни и претставуваат непоколеблива основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу нашите две земји.

На овој значаен ден, ја потврдуваме нашата поддршка за успешниот пат на Република Косово и изразуваме убедување дека нашата братска соработка ќе продолжи да се продлабочува во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, како и на унапредувањето на нашата заедничка евроатлантска агенда.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

Објавено пред

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот.

„Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.

Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.

Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион“.

Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари, прашува Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

Објавено пред

Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија57 минути

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија1 час

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија2 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет3 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет3 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет3 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа3 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа4 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа4 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет5 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ15 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија16 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија19 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија20 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија22 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија23 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ24 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...