Македонија
Судот нареди апсење на Тони Трајковски за судењето за ТНТ
Обвинетиот Тони Трајковски, по паузата, не се појави на судењето за предметот ТНТ, па судијата Огнен Ставрев го одложи судењето и изрече наредба на утрешното судење Трајковски да биде стражарно спроведен со полиција.
„Обвинетиот Тони Трајковски бил отпуштен во општа здравствена состојба“, рече судијата читајќи го документот добиен од здравствената установа каде што Трајковски бил примен.
Судењето од минатата недела, поради истек на мандатот на поротничката, се одвива со забрзано темпо и со рочишта што траат по повеќе од 8 часа. Денеска требаше на прашања на обвинителот Бурим Рустеми да одговара Миле Јанакиески.
Предметот ТНТ се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

