Македонија
Судот потврди дека одобрил притвор за пет лица обвинети за насилниот упад во Собранието
 
																								
												
												
											Нов 30 дневен притвор за пет лица, одобрил Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по барање на Основното јавно обвинителство. Во соопштението од судот, се наведува, дека делумно го уважил предлогот на Обвинителството.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд во Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП“, стои во соопштението на судот.
Против овие решенија странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.
„Макфакс“ утрово објави дека доцна синоќа биле приведени ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, припадниците на МВР Душко Лазаров и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски кој беше дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељановски заедно со Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.
Основното јавно обвинителство вчера поднесе обвинителен акт против 30 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуција пронајде нелегални кабли
 
														Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуција на социјалните мрежи.

„При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.
Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.
Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.
Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, се додава во објавата од Електродистрибуција.
Македонија
Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице
 
														Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, обвинетиот на 2 септември упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на оштетениот – градоначалник на Општина Неготино и неговото семејство, обидувајќи се да му изнуди сума од 3.000 евра. Оштетениот не постапил по барањето и случајот го пријавил во полиција.
Во периодот од 04.09-18.09, обвинетиот испраќал заканувачки пораки до градоначалникот со намера да го вознемири и заплаши, а дел од пораките ги адресирал и до официјалната адреса на општината, до адреси во МВР и до новинари. Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и за сопствената, но и за безбедноста на неговото семејство и за безбедноста на граѓаните на Неготино.
Надлежниот јавен обвинител со обвинението побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој постои реален ризик од бегство, бидејќи дел од неговото семејство живее во странство. Исто така, постојат околности кои укажуваат на опасноста тој да го повторува делото, па дури и да ги реализира заканите и изнудата. Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека истото лице веќе е осудено за кривични дела присилба и демнење на градоначалникот за кои му е изречена условна осуда и која обвинителството ќе побара да биде отповикана, бидејќи се уште не е поминат периодот на проверка, а обвинетиот врши нови кривични дела.
Македонија
Данела Арсовска повторно во судница, се соочува со вториот напаѓач од инцидентот во Чаир
 
														Град Скопје сооопшти дека градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, денеска се соочува со вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна за време на увид на терен во Општина Чаир, на локација каде се гради дивоградба спроти полициската станица.
Напаѓачот бил спречен од полицијата пред да се случи физички напад, но, како што наведува Град Скопје, има долга историја на сериозни кривични дела и повеќегодишни затворски казни.
По инцидентот, Министерството за внатрешни работи, врз основа на безбедносна проценка од Агенцијата за национална безбедност, ѝ додели 24-часовна заштита на градоначалничката.
За истиот настан, на 2 септември Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинетиот Сулејман Љамалари беше прогласен за виновен за кривично дело насилство и осуден на две години затвор. Тој, како што велат од Градот, не покажал каење и со своето однесување го исмејувал судот и јавноста.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											