Македонија
Судскиот совет чека дозвола од антикорупционерите дали да ги одлага постапките за разрешување на судиите
Дали ќе се одложат постапките за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција за неколкумина судии, ќе зависи од мислењето на антикорупциската комисија, до каде Судскиот совет на последната седница испратил барање за мислење, потврдуваат од таму за „Макфакс“. Причината е одржувањето на претстојните претседателски избори во државата закажани за 21 април.
„На 297. седница одржана на ден 13.02.2019 година, Советот заклучи дека треба да се побара мислење од Државната комисија за спречување корупција и до добивање на мислењето сите постапки за утврдување одговорност за судија или претседател на суд да се одлагаат од страна на комисиите. Откако ќе се добие мислењето, Советот ќе одлучи како понатаму ќе постапува по предметите за утврдување одговорност за судија или претседател на суд“, пишува во одговорот на Судскиот совет до „Макфакс“.
Неофицијално дознавме дека поради неколку неуредни достави на поканите и поради обврски, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој е еден од судиите за кои се води постапката за разрешување, не дал исказ пред комисиите кои утврдуваат нестручно и несовесно постапување. Вангеловски е член на Судскиот совет, но многу ретко се појавува на седниците.
Според нашите сознанија, едната од комисиите кои треба да утврдуваат дали судиите постапувале нестручно и несовесно е со променет состав поради новите членови кои беа избрани во Судскиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

