Македонија
СЈО и натаму ќе отвора истраги, порача Ленче Ристоска
„Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа“, порача обвинителката Ленче Ристоска на конференцијата организирана од Институтот за европска политика ЕПИ, за поглавјето 23.
Таа рече дека имале голем број предистражни постапки со меѓународен елемент и сето тоа го одолжувало моментот за одлуки. „Иновативноста што ја донесе СЈО, новите концепти на тимска работа и мултидисциплинарен пристап на истрагите ние првпат ги промовиравме. При еден ваков пристап мошне важно е да има инклузивност и соработка со сите институции. Најзначајната карактеристика на СЈО е токму автономијата. СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО“, рече Ристоска.
Ристоска изјави дека се задоволни што биле одобрени 15 обвинителни акти: „Имаме започнато судења за најголем дел од обвиненијата. Имаме пресуди за 14 обвинети лица“. „Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа“, изјави обвинителката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

