Македонија
Талевски: Во ДПМНЕ се согласни дека Собранието има легитимитет за уставните измени, да продолжи дијалогот
Како пратеници го поздравуваме фактот што Христијан Мицкоски го промени ставот и повеќе не е против уставните измени, вели пратеникот од СДСМ, Миле Талевски.
За поздравување е, истакнува тој, и промената на ставот во врска со легитимноста на овој собраниски состав.
„Сега сите партии, вклучително и ДПМНЕ, се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат.
Добро е што на лидерската средба се направи исчекор и се дојде до одредена точка, сега е потребно дијалогот како да ги изведеме уставните измени да продолжи што побргу.
Го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и да формира тимови што побргу. Доколку постои искрена волја, нема потреба да се чека, ниту да се тактизира. Ајде заедно да продолжиме да работиме на уставните измени за остварување на државните и националните интереси“, вели Талевски.
Членството во ЕУ, според него, е стратешка определба поставена од денот на независноста и одговорност на сите политички фактори да ја реализираат таа цел.
Оценува дека само со дијалог државата, македонското општество, може да одат напред.
„Државата, т.е. граѓаните немаат време за губење, затоа колку побргу се донесат уставните измени, толку пократок ќе биде рокот на преговори и толку побргу Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ.
Сега не е време за партиски и лични рејтинзи, не е време за дневна политика, сега се потребни одговорност и сериозност од сите субјекти за реализација на важна стратешка цел“, порачува Талевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.