Македонија
Таравари отвори телефонска линија за директна комуникација: граѓаните ќе може да се пожалат, да пофалат
Министерството за здравство го објави телефонскиот број 072/899-001 на кој граѓаните ќе може да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот.
„Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари.
Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број 072/899-001“, се истакнува во соопштението од Министерството.
Исто така, како што е наведено, граѓаните ќе имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја среда од 13.30 до 16 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и другите водотеци се должи на незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини. На ова претходеа видео снимки на кои може да се забележат илјадници пластични шишиња во реката.
Од ресорното министерство нагласуваат дека во овие подрачја е евидентно присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни општините и нивните инспекциски служби.
Министерството и Државниот инспекторат за животна средина, како што се наведува, континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од редовно следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен.
Во моментов, Државниот инспекторат е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна контрола во оваа област.
Министерството апелира до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови.
Македонија
Отворен ден на Клиниката за неврологија, превентивните прегледи се многу важни за навремено препознавање на симптомите на мозочниот удар
Министерот за здравство, Азир Алиу ја посети Клиниката за неврологија, каде беше организиран отворен ден по повод одбележување на Светскиот ден на мозочен удар – 29 октомври.
Во рамки на акцијата граѓаните имаа можност да извршат превентивен преглед и да добијат стручен совет за главните ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се покачен крвен притисок, шеќер во крв, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот.
-Здравствениот систем не го гледаме само како систем за лекување, туку и како систем за превенција и затоа деновите посветени на превентивни прегледи се многу важни за побрзо препознавање на симптомите на мозочен удар и поздрав начин на живеење и исхрана. Денеска сум фасциниран од инфраструктурата внатре на Клиниката за неврологија и активностите кои ги има директорот, бидејќи за кратко време успеа да се организира настанот и да се реорганизираат внатрешните процеси за да може да се оптимизираат услугите, посочи при посетата министерот Алиу.
Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски информираше дека сите пациенти во рамки на денешниот ден ќе бидат прегледани на новиот доплер на каротидни артерии, оваа активност е во соработка и со Македонското невролошко здружение
-Денешниот отворен ден има едукативна цел, односно подигнување на јавната свест за мозочниот удар како болест која е една од најчестите по инциденца и причина за смрт, но исто така е и болест број еден во светот за инвалидитет, па и кај нас. Задоволство ми е што има навистина голем одѕив.
Во таа насока Клиниката за неврологија има обврска да го едуцира населението за мозочниот удар, за најчестите симптоми и третман, рече д-р Божиновски.
Годинешното мотото за одбележување на овој ден е „Мозочниот удар се лекува“.
Македонија
Митески: Аеродром ќе добие нова спортска сала, зад ФФМ со неколку спортски терени
Спортот добива нов дом во Аеродром.
„Со министерот за спорт – Борко Ристовски најавуваме изградба на нова спортска сала во Аеродром, во вредност од повеќе од 1 милион еврa и со поддршка од Министерството за Спорт и Владата“, објави кандидатот за градоначалник, Дејан Митески.
Салата, како што најави, ќе биде лоцирана зад ФФМ, ќе содржи неколку спортски терени и ќе биде вистински поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт.

