Македонија
(Видео) Тасева: Потребна е поголема контрола врз финансирањето на партиите

Потребна е поголема контрола врз финансирањето на партиите, препорачуваат од „Транспаренси интернешнл“. Претседателката на организацијата, Слаѓана Тасева, препорачува да се зајакне контролниот механизам.
„Имаме добро законодавство, дефинирано е кои начини се забранети за финансирање, меѓутоа системот на контрола е расцепкан. Сите институции се надлежни и ниту една не е“, вели Тасева, која денеска учествуваше на тркалезна маса за подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија во организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со „Транспаренси интернешнл Македонија“.
Таа потенцира дека најчестите форми на корупција се преку финансирањето од физичките лица кои даваат најголеми пари и тие очекуваат нешто за возврат. Проблем, според неа, е финансирањето изборни кампањи и политички партии од државни институции, локални самоуправи, но и донации од граѓани што не се транспратентни.
„Оние што даваат повеќе пари за партиите очекуваат од нив, кога ќе дојдат на власт, да работат во нивен интерес или во донесување одлуки, закони или преку добивање предност и приоритет во водењето на нивните бизниси“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.