Контакт

Македонија

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инает со Славески и не се тргаше од говорницата

Објавено пред

Театар се случува на седницата на Советот на Град Скопје. Претседавачот Трајко Славески ѝ се налути на градоначалничката Данела Арсовска додека таа го бранеше планот за вработување  на „Водовод и канализација“ за идната година и бараше да се одобрат вработувања на 120 лица. Откако советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ побара советниците да не даваат поддршка за планот, Арсовска од говорница го употреби изразот „рачиња во медот“ додека зборуваше за разрешениот директор Златко Перински. Тогаш во одбрана се вклучи Славески, кого Арсовска го нарече: „Талат Славески“.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи  предвид дека директорот по неговото стапување на функција ги раскина договорите на преку 100 лица во ЈП, сметам дека ваквата одлука како советници не треба да ја поддржиме, за да не го оптоваруваме со товар да се стави во искушение да вработи некого во ЈП во 2023 година“, кажа советникот Малиша Станковиќ.

Возврати и Арсовска.

„Многу чудно е како никој од вас не праша како успеал овој ваш директор на јавно претпријатие да вработи над 100 луѓе за два месеца, ама сега  овој новиов, кој исто така можеби е ваш поддржувач не можеме да знаеме, прејудицирате дека нешто ќе направи во иднина па не поддржувате работа на јавно претпријатие и негова програма. Немојте потоа да барате од овој човек резултати, ако не дозволувате да работи како што треба. Ќе барате одговорност ако вработи над 100 лица за два месеца, како што вработил оној претходно којшто го фативме со рачињата во медот. Тогаш се бара одговорност. Зошто не прашате како успеал, каде ги најде  овие 120 луѓе да ги вработи за два месеца? Како ги најде? Тој што ги пикнал внатре не им обезбедил решенија за работа бидејќи за тоа треба оглас да се пушти и треба да биде транспарентно. А тој си ги собрал од месни комитети за да земаат пари и пари, неброени пари таму и никого не известил за ништо“, кажа Арсовска.

На ова следуваше реакција од Славески, кој рече дека разрешениот директор на Водовод, Перински, не е медар. Советниците се смееја.

„Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а сè уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на ‘Водовод и канализација’ не е пчелар. И јас замолувам, доколку советот има некои докази за сторен престап, да се изнесат“, Трајко Славески, сите се смееја.

Градоначалничката на Скопје му врати.

„Минатиот пат кога бев на оваа говорница имаше преседан, кога за првпат претседател на Совет исклучил градоначалник од говорница. Морам да ви кажам дека ако сте провериле за директорот дека не е медар, тогаш соодветно сте требале да проверите дека и јас за разлика од вашиот шпицен градоначалник не сум хаусмајстор. Така што, ако зборувате за јавни навреди, кои ги пласирате по јавноста, внимавајте на вашиот личен интегритет и не зборувајте за другите луѓе. Ако барате нешто од другите, појдете од себеси и својот интегритет да го ставите, за  другите да  слушаат што говорите“.

Потоа, Славески се впушти и во одбрана на Мицкоски затоа што Арсовска го нарекува „шпицен градоначалник“.

„Минатата и оваа седница слушаме странски зборови кои јас не ги разбирам, овде има превод од македонски-албански и обратно, се користат германизми, србизми, фрази како ‘смањите доживљај’ и ве молам да се придржуваме на Деловникот за работа за тоа кои јазици можат да се користат во салата на Собрание на Град Скопје“, кажа Славески.

Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ѝ порача на Арсовска да се моли пред слика на Мицкоски.

„Во секоја реченица градоначалникот употребува погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше  да собере потписи, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беа ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржал кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори“, ѝ рече Андоновски.

Арсовска имаше одговор и на ова.

„Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, тој поддржал кандидат кој победи. Ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозвола да краде, лаже, манипулира – извинете тоа нема да се случи, ниту треба да услов за некој да му биле вечно благодарен. Тој што така пресметувал, се излажал. Величење на таква личност не треба да е во ничиј карактер. Цени народот и ве гледа“, рече Арсовска.

Трајковски ѝ го исклучуваше микрофонот на Арсовска, додека таа говореше за Мицкоски.

„Господине Талат Славески јас ве замолувам…“, рече Арсовска, по што претседавачот на Советот пак ѝ го исклучи микрофонот.

„Ова е лична навреда, ви одземам збор. Напуштете ја говорницата, јас имам име и презиме. Не правете сцени. Напуштете ја говорницата. Пауза од 20 минути“, рече Славески, по што ја запре седницата.

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.

dobivaj vesti na viber

ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.

Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“

Објавено пред

Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.

dobivaj vesti na viber

„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре затворени неколку улици во Скопје

Објавено пред

Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.

dobivaj vesti na viber

Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.

Утре исто така  со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај  во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.

Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па  лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ16 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија18 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа18 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ19 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија22 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет23 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет1 ден

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 ден

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ2 дена

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет2 дена

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет2 дена

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа2 дена

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...