Македонија
Томовски: Со ВМРО-ДПМНЕ над 300.000 пензионери ќе добијат по 5.000 денари покачување на пензиите
Пензионерите едвај врзуваат крај со крај, со месеци протестираат барајќи денар повеќе за леб и лекови, за пензии и она што им следува, но власта на СДС и ДУИ остана нема.Тоа се над 300.000 наши сограѓани, луѓе што во време кога треба да ги живеат најубавите години се донесени на работ на егзистенција, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ го цени трудот на нашите најстари сограѓани, што тие го имаат вложено во државата и нејзиното градење и шпоради тоа уште во првата година од мандатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги зголемиме сите пензии за 5.000 денари. Секој пензионер линеарно ќе добие по 5.000 денари покачување на својата пензија. Со овој чекор трајно ќе се зголеми животниот стандард на пензионерите со ниски пензии и нивниот доход ќе биде на ниво што може да ги покрива основните егзистенцијални потреби“, рече Томовски.
Како што додаде, несериозни се замачкувањата очи што им ги прави оваа Влада на пензионерите со покачувања од неколку стотици денари, со кои едвај може да купат 5 литри млеко или една кутија апчиња.
Со 5.000 денари линеарно покачување, кое ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ, вели тој, пензионерите ќе може да бидат сигурни дека со парите што ги земаат како пензија ќе може да ги покријат своите месечни потреби за храна и лекови.
„Пензионерите мора да знаат дека не се оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ мисли на пензионерите и грижата за нив ќе биде на високо ниво“, додаде Томовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“ е поставен во Скопје, Куманово и Тетово
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како “Безбеден град“.
Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.
„Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени“, издвои министерот Тошковски од средбата и додаде:
Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.
Македонија
24 Мај – Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 24 мај 2024 година (петок), Св. Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители – е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот Св. Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители.
Македонија
Мицкоски – Дрекслер: Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
На средбата претседателот Мицкоски ги презентира заложбите што ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
„Потребно е Македонија да се стави на брза лента кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата се клучни бидејќи Владата на СДС и ДУИ ја деградира државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како СДС и ДУИ до сега“, рече Мицкоски.