Македонија
Тошковски: Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, срамота е што не може да се употреби во Македонија
Очигледно е дека МВР презема максимум во рамките на можностите и би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, 61 пратеник да си ја заработат платата и да стиснат на тоа пусто копче, да го сменат Законот за патните исправи, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, рече денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а притоа во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натаму слободно да се движат со патни исправи со старото име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле сите. Факт е дека македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по предлог-законот, како што го помина законот за возачките, така да го поминат и законот за пасошите“, рече министерот.
Тој објасни дека се пристигнати 20 илјади обрасци и ги замоли новинарите да постават соодветно прашање до сите надлежни во рамките на Министерството и посебните органи во рамките на Министерството зошто е ваква ситуацијата со обрасците.
„Во август имало договор во согласност со кој заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари во согласност со тој договор е преземена обврска некаде во декември за 22 илјади обрасци“, објасни министерот и упати прашање до јавноста зошто е сторено така и додаде дека ќе се истражи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за шверцување најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и шверцување разновидна комерцијална стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра од превоз организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската Унија.
Македонија
Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот
Првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и со новата француска експертка за ЕУ-интеграции, Миа Матковиќ.
„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Почнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на планот за раст на Европската комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа“.
На средбата присутните се согласија дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан.
Средбата имаше цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ-интеграции, која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април.
Македонија
23 Мај, Националниот ден на Власите, неработен за граѓаните припадници на влашката заедница
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.