Македонија
Тошковски на средба со државниот секретар на федералната германска полиција, Бернд Кесер: Голема поддршка за борбата со криминалот и за патот кон ЕУ
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на БЈБ, Александар Јанев, и државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски, одржа работна средба со делегација од Сојузна Република Германија, предводена од државниот секретар на Федералното министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија, Бернд Кесер.
Министерот Тошковски се заблагодари за огромната поддршка што Германија досега ѝ ја дава на нашата држава, особено на Министерството за внатрешни работи, и е една од државите од кои досега имаме добиено најголема поддршка во вид на донации, техничко-материјални средства и обуки. Тој потенцира дека пред новото раководство на Министерството за внатрешни работи претстојат големи предизвици во исполнување на главните приоритети, како борбата со организираниот криминал и корупцијата, планот за реорганизација на управните служби, кои ќе бидат успешен услужен систем на своите граѓани, новата систематизација, која ќе ја направи полицијата многу поефикасна, креирање систем на континуирани обуки, дигитализација на голем број процеси во Министерството и кон граѓаните и кон вработените.
Државниот секретар Кесер изрази надеж за реализација на амбициозните планови на Министерството и потенцира дека зголемувањето на ефикасноста на полицијата е важно за функционирање на правната држава. Во контекст на борбата со организираниот криминал, државниот секретар истакна дека, освен ефикасна полиција, важна е и ефикасноста на судството и дека за зголемување на довербата во полицијата е важно за зголемување на довербата во судството како нераскинливи делови на процесот во имплементација на законите, владеењето на правото и правната држава. Во тој дел беше потенцирано дека поддршката кон достигнување на сите европски стандарди и процеси е тука и само ќе се унапредува.
Државниот секретар на крајот изрази задоволство што заедничкиот дијалог ќе продолжи на Берлинската конференција во рамките на Берлинскиот процес, која ќе се одржи во септември, на која учесниците ќе имаат можност заеднички да разговараат и да носат одлуки за европската иднина на регионот на Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

