Македонија
Тошковски од Будимпешта: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и нашиот голем пријател Унгарија на која потенцираше дека веќе се реализираат плановите и заклучоците донесени на првата заедничка седница која се одржа во Охрид минатата година.
„Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници и планираме таа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука која ќе претставува темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот.На билатералната средба со министерот Пинтер договоривме набрзо потпишување на меморандум за соработка во делокруг на заеднички обуки на единиците за посебни полициски операции и борба против тероризмот како и полициските единици задолжени за обезбедување на личности и објекти. Меморандумот очекуваме да го потпишеме во втората половина на 2025 година“, истакна Тошковски.
Во рамките на посетата, утрово, министерот Тошковски одржа состанок со заменикот министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте во присуство на дел од унгарската бизнис заедница каде се разгледуваа конкретни иницијативи и планови за унапредување на економската соработка.
Тошковски нагласи дека светот влегува во нов поредок со предизвици кон суверенитетот и интегритетот на нациите, предизвици во функционирањето на човековите права и слободи што уште повеќе ја засилува потребата од соработка, меѓусебно разбирање и помош да останеме свои на своето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

