Македонија
Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата
„Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање комисии за распоредување и една телеграма за спроведување интерен оглас за пополнување слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата“, стои во соопштението од техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата, при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Владата, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи, кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик-министер во врска со тоа дали предметните акти што се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање, кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија, која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до Министерството. Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата акти што се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за криумчарење најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и криумчарење на разновидна „комерцијална“ стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање на поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра по превоз, организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската унија.
Македонија
Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот
Првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и со новата француска експертка за ЕУ-интеграции, Миа Матковиќ.
„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Почнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на планот за раст на Европската комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа“.
На средбата присутните се согласија дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан.
Средбата имаше цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ-интеграции, која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април.
Македонија
23 Мај, Националниот ден на Власите, неработен за граѓаните припадници на влашката заедница
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.