Македонија
Трајановски до ВМРО-ДПМНЕ: Упајташени сте со криминалци кои ја уништуваат „Комунална“ со децении
Викендов имаше опсада во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, изјави на сендица на Советот на Град Скопје, заменик градоначалникот, Александар Трајановски.
Тој жестоко се обрати кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи дека опозициската партија правела театар за дневно политички поени.
„Упајташени сте со кримимнални структури што го уништуваат Комунално претпријатие децении наназад“, рече Трајановски.
Обвини дека ВМРО-ДПМНЕ бунтот го договориле на средба со најкриминалната група во „Комунална“ што малтретира вработени.
„Имаше лица што сакаа да излезат да работат и беа претепани од оваа група. Не знам како бастионот на патриотизамот Бутел седнува на маса со банда. Од оваа група со која седи Косотовски има приведени“, рече Трајановски.
Потоа ги нападна ВМРО-ДПМНЕ дека немаат капацитет за ништо друго освен за саботажа и блокада и воопшто не се реформирана партија.
Кажа и дека ВМРО-ДПМНЕ во Водовод за една недела вработиле 200 луѓе.
Претходно на истата седница, и независната советничка во Град Скопје, Ирена Витина обвини дека веќе поранешниот претседател на синдикатот Дарлишта и градоначалникот на Бутел, Костовски плански ја блокирале „Комунална“ за да глумат спасители. Во прилог таа достави и фотографија од средба на која на иста маса седат Костовски и Дарлишта, тврдејќи дека тогаш се договарал бунтот во претпријатието, по доделените откази за лица кои не доаѓале на работа.
Со реакција се јави Костовски, коментирајќи дека некој се обидува да шири лаги од неговите редовни средби со граѓаните на Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

