Македонија
Трајанов на средба со Мицевски и Милошевски: Изборниот закон ќе се менува во три фази
Денес, во Собранието се одржа средба помеѓу Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, со Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и Антонио Милошевски, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика.
На средбата Павле Трајанов ги презентира ставовите на Демократскиот сојуз во врска со реформите на изборните правила, кои треба да се одвиваат во три фази: во првата фаза да се донесат измените на Изборниот законик до кои Македонија ќе биде една изборна единица и без изборен праг. Во втората фаза да се направат коренити реформи на изборните правила, со кои ќе ги отстранат системските предности на четирите партии, особено во врска со медиумското претставување и финансирање на изборната кампања од буџетот на државата и, третата фаза, уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90 како определба на Демократскиот сојуз за рационализација не само со намалување на бројот на пратеници туку и бројот на министерствата, многубројните агенции, регулаторни тела и сл., информираат од Демократскиот сојуз.
Очекуваат да зочне парламентарната расправа за измените на Изборниот законик, кои се веќе во парламентарна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

