Македонија
Тренчевска ги остави пензионерите за Нова Година без пензии, велат од Левица

Новата година е на прагот, но за жал пензионерите нема да можат да му се израдуваат на празникот, од проста причина што ќе останат без пензии, велат од Левица.
„Досега, скоро секогаш МТСП за Нова година предпразнично, предвреме ги исплаќаше декемвриските пензии, но оваа година тоа не е случај и пензионерите ќе ги добијат своите пензии дури на 2ри, а некои и на 3ти декември“, додаваат од Левица.
Според нив, ако се земе предвид фактот, дека пензионерите со своите пензии едвај врзуваат крај со крај и пензиите им траат 10тина дена, крајно нечовечки е МТСП да ги остави пензионерите предпразнично без пензии.
„Ова е уште еден показател дека оваа ненародна Влада има изгубено чувство за реалноста и воопшто не им е грижа за народот, а најмалку за пензионерите и затоа ќе бидат “казнети” од народот на следните избори“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.