Македонија
Тренчевска: Задоволните вработени ја создаваат успешната приказна на врвните компании

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посети компанијата „Вивакс“. Целта на посетата е согледување на реалната слика на терен во однос на задоволството на работниците.
Компанијата „Вивакс“ е отворена уште од 1994 година и претставува една успешна приказна за производство на висококвалитетни македонски производи. Ова е една од компаниите што досега не искористила финансиска поддршка за исплата на плати. Според сопствениците на компанијата, работниците се на прво место и во таа насока е и почитувањето на законското решение недела да биде ден за одмор.
За време на посетата беше објаснет и работниот процес на присутните и беше посочено дека во оваа компанија е запазена и родовата еднаквост. На поголем дел од раководните позиции се токму жени.
По направениот увид во делот во кој се извршуваат работните процеси во компанијата, беше одржана неформална средба со основачот на компанијата, Димитар Јосифовски, и сегашното раководство, Тања Атанасова и Ристо Јосифовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.