Македонија
Тренчевска: Започнува со работа новиот дневен центар за деца со попреченост во општина Карпош
Во Општина Карпош во Скопје денес официјално е отворен новиот дневен центар со индивидуални третмани за деца со попреченост. Во дневниот центар 32 деца на возраст од 2 до 10 години, ќе добијат индивидуален третман од стручните служби согласно нивната потреба, за што е направена претходна проценка. Услугата ќе ја обезбедат стручни соработници и специјални едукатори, од здружението „Монтесори“, кое е давател на оваа услуга. „Монтесори“ има огромно искуство и знаење во областа, а преку овој центар ќе придонесе за поголема инклузивност на децата во заедницата, известува МТСП.
Токму инклузивноста е една од главните цели на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во чии рамки е и дневниот центар за деца со попреченост. Проектот за подобрување на социјалните услуги е еден од инструментите преку кои се реализира целокупната социјална реформа, од страна на Министерството за труд и социјална политика, општините и давателите на услугите.

„Главна цел на социјалната реформа е подигнување на квалитетот на живот за сите граѓани, која е адаптирана согласно потребите на граѓаните и нуди конкретен одговор на нивните очекувања и овозможува поголема инклузивност. Исто така, преку адекватни социјални услуги ние директно придонесуваме за јакнење на човечкиот капитал и намалување на сиромаштијата. Ваквиот пристап овозможи поголема достапност на услугите за поголем број на граѓани, со што ефектите се повеќекратни. Денес имаме навистина благородна причина и со огромна радост го отвораме новиот дневен центар каде што дечињата ќе можат да добијат соодветен третман и да се подготват за поголемо вклучување во заедницата. Ги повикувам родителите да ги користат услугите на центарот, а ние ќе продолжиме со креирање на социјални услуги по мерка на граѓаните“, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Во процесот на децентрализација како дел од социјалната реформа, улогата на општините во градење на одржлив и функционален систем за обезбедување на социјални услуги е од исклучително значење.
„Општина Карпош е прва општина која ги препозна можностите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги, пред сѐ во насока на задоволување на потребите на своите граѓани. Таа беше апликант со дури два проекта уште во првиот повик на Министерството за труд и социјална политика и Светска банка. Годи сме што и двата проекта беа одобрени и ги исполнија строгите критериуми на Светска банка. Тоа е показател дека нашата општина умее да ги детектира потребите на граѓаните и да понуди решенија преку различни форми, а во овој наврат со избор на невладини организации кои имаат капацитет да дадат квалитетни услуги“, изјави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

На отворањето на дневниот центар за деца со попреченост кој ќе работи под водство на стручните лица од Монтесори, организација која има огромно искуство во оваа област, присуствуваше и Билјана Стерјадовска Стојчевска претседателка на Македонското Монтесори здружение, која истакна:
„Монтесори програмата се базира на три значајни принципи: човечко достоинство, мир и слобода. Токму овие принципи се основа за активностите во новиот дневен центар за деца со попреченост и во целост ќе бидат имплементираникој започнува да работи согласно нашата програма. Во работата со децата ќе се користат најновите сознанија во областа, а нашето досегашно искуство дополнително ќе придонесе за поголема инклузивност на дечињата и ќе бидеме поддршка за нив и за нивните семејства“.
Дневниот центар за деца со попреченост во општина Карпош е еден од проектите што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги. Досега се поддржани 34 проекти во 37 општини.

Покрај дневниот центар за деца со попреченост, се обезбедуваат и услуги за помош и нега на стари лица во домот, дневни центри за стари лица и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост. За давање на услугите засега се обучени 300 лица, а ќе бидат опфатени повеќе од 1200 корисници.
Преку вториот јавен повик избрани се уште 12 проекти во 17 општини, кои се во фаза на лиценцирање и подготовка за спроведување на социјалните услуги. Се очекува до средината на годината да почнат да даваат услуги кон корисниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected].
Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста“.
Македонија
Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење
Во периодот од 16 до 22 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци.
Најголем дел од прекршоците, односно 4.691, се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. За минување на црвено светло евидентирани се 16 прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната седмица, кога биле регистрирани 33 прекршоци. Во првата недела од месецот биле констатирани дури 163 прекршоци за минување на црвено светло, информира МВР.
За управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола, констатирани се 203 прекршоци.
Во истиот период изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица. Во првата недела од месецот биле изречени 288 вакви мерки.
Од вкупно 117 изречени мерки минатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 за брзо возење. Од нив, 75 се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 19 за надминување на дозволената брзина за повеќе од 10 километри на час, и седум за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе кон побезбедни патишта.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Местени тендери и аванси во Државната лотарија, Груби ќе се соочи со правдата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека време е за одговорност и дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби ќе се соочи со правдата.
„По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСM и ДУИ и додаде дека конечно ќе се соочи со правдата.
Петрушевски посочи дека, криминалот на Груби достигнал минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а дека постојат индиции оти сумата може да надмине десетици милиони евра.
„Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници“, рече Петрушевски.
Тој обвини дека СДСМ знаела за милионскиот криминал, но молчела за да ја одржи коалицијата на власт.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека борбата против криминалот и корупцијата останува нивен приоритет и дека секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.

