Контакт

Македонија

(Видео) Дванаесет години чекаат приватизација на двор во луксузниот дел на Водно, ги кочеле хакирање, преместување и породување во Управата

Објавено пред

Цели дванаесет години семејство од Скопје чека приватизација на двор во луксузниот дел на Водно. Ги испраќале во пензија луѓето што работеле на нивниот предмет, ги преместувале во други подрачни единици, се менувале началници, а последната службеничка, која сè уште работи на предметот, последните три години ја чекале да ја истера бременоста, да се породи, се вратила на работа, но предметот сè уште не е решен оти дочекале и хакирање на системот во Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии.

dobivaj vesti na viber

Во дворот од 305 квадратни метри на Водно имаат и куќа. Без проблем го откупиле државното земјиште под објектот, но за преостанатиот дел водат маратонска приватизација.

„Барањето за приватизација на дворот го поднесовме во 2011 година. Решивме сами да го туркаме процесот, без адвокати, оти не ни се брзаше, не планиравме ниту да го продаваме ниту да градиме. Целата документација што ни ја побараа уредно ја доставивме. Чекајќи приватизација на дворот, почина мајка ми, таа се водеше како корисник на дворот, па доставивме и наследни решенија, но поместување немаше. Неколку години секој наш обид да стапиме во контакт со одговорно лице од Управата за имотно-правни работи беше без успех, како да немаме предмет таму. На телефоните никој не се јавуваше, а кога одевме лично, или беа на терен или беа презафатени, па немаше кој да нè прими. Кога, конечно, нè удостои еден од службениците, кој всушност и го сработи проектот, бевме стигнати до моментот да ни направат пресметка за тоа колку треба да платиме за да заврши постапката, тој беше распределен во друга подрачна единица и процесот пак застана“, вели скопјанецот Т.П., кој заедно со братот ја наследил мачната постапка за приватизација што ја почнала мајка им.

Преку имејл Упрвата го известила семејството дека приватизацијата доцни оти е сменет службеникот, а новата службеничка не доаѓа на работа оти е бремена и нема кој да ја замени

По преместувањето на службеникот, кој речиси го сработил предметот, од Управата добиваат само изговори за одлагањето, но за разлика од претходниот период, за овој имаат пишана комуникација оти службениците се охрабриле да одговорат на нивните имејлови. Па, така, семејството било известено дека не е решен нивниот предмет оти бил прераспределен службеникот што го работел, потоа службеничката што го наследила била бремена, па не доаѓала на работа поради Ковид-19 оти такви беа правилата, а последното оправдување, откога заврши корона-кризата, е дека системот не работи.

Според последната преписка со Упрвата, се доцни и поради хакерски напад од кој не им работеле и компјутерите

„Нашиот последен контакт е од јуни годинава. Службеничката ни одговори на имејлот што ѝ  го пративме еден месец претходно. Во него објасни дека системот им бил хакиран и компјутерите се расипани еден месец, но дека ќе се постапи по предметот и дека ќе бидеме известени за следниот чекор“, вели скопјанецот, кој чека приватизација на дворот.

Од Управата за имотно-правни работи за „Макфакс“ велат дека сега веќе постапуваат по предметот.

Без проблем го откупиле државното земјиште под куќата, но за преостанатиот дел водат маратонска приватизација

„Во моментот се прибираат докази по службена должност по електронски пат во согласност со Законот за приватизацијата и закупот на градежно земјиште во државна сопственост, а побаран е и извод од план од страна на Општина Центар, кој сè уште не е доставен. По комплетирање на предметот со потребните докази, органот ќе продолжи со постапката во согласност со член 28-б од Законот за приватизацијата и закупот на градежно земјиште во државна сопственост, односно ќе изврши увид на самото место за утврдување на фактичката состојба од страна на стручно лице – геометар, која се констатира во записник, по што ќе следува донесување конкретен управен акт, кој треба да биде изготвен најдоцна 30 дена по денот на изготвување на записникот“, велат од Управата за имотно-правни работи за „Макфакс“ и објаснуваат дека приватизацијата се развлекла оти државниот правобранител поднел жалба против нивното решение, се воделе постапки на второстепена комисија и предметот бил вратен пак на одлучување кај нив, а се водела и оставинска постапка.

Дворот на семејството, кое сè уште чека приватизација, заедно со куќата, е дел од парцела со вкупна површина од 710 квадратни метри, која ја делат на половина со други сопственици. Додека тие чекаат долги и сложени процедури за приватизација, делениците не само што одамна успеале да ја завршат приватизацијата туку веќе ја прошириле и надградиле куќата.

И не само првите соседи, туку сите во околината ја завршиле приватизацијата оти речиси целиот дел се водеше како државно земјиште на кое има корисници. Семејството стравува, како во многу случаи досега, дека може некој друг, за да си дооформи парцела, да го откупи нивниот двор, па не ја исклучуваат можноста постапката за приватизација на дворот да се одолжува во нечија корист.

Од Општина Центар потврдуваат дека има многу случаи на заглавени приватизации за кои граѓаните бараат помош и од Општината. Тие немаат надлежности за постапките што ги води Управата, но сепак велат дека може да им излезат во пресрет на граѓаните.

„Единствено што можеме да кажеме е да дојдат во бараките на Општина Центар во примени денови, вторник или четврток, од 9 до 11 часот, да им ја објасниме електронската постапка за откуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија и доколку тоа повеќе им оди во прилог, да ја почнат постапката во Општина Центар“, велат од Општината за „Макфакс“.

Кај нив не се врши откуп на дворови или државно земјиште под згради, но вршат откуп со непосредна спогодба за оформување градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација ако лицето има во сопственост повеќе од 30 % од градежната парцела.

 

Со овој текст, „Макфакс“ се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.

 

Македонија

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Објавено пред

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука да им биде одземен Работничкиот дом, појаснувајќи дека со тоа се направени обиди за притисок врз синдикатите.

dobivaj vesti na viber

„Денеска ние работниците се собравме пред работничкиот дом, домот кој сакаат да го конфискуваат од нас за да го уништат синдикалното движење. Работничкиот дом пред кој повеќе од 70 години ги започнуваме сите протести, сите штрајкови и денеска го започнуваме со големиот работнилки протест. Ние работниците дадовме црвен картон на судот заради тоа што направи обид да изврши притисок врз синдикатите да ги уништи, дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за да молчат, да бидат понизни, тоа што го направија денеска го гледаме на дело. Ние синдикатите, ние работиниците, ние граѓаните, пензионерите сме тука за да покашеме дека колку повеќе не напаѓаат, не прават посилни и коку повеќе пробуваат да ги уништат синдикатите ние се повеќе сме силни“, изјави Трендафиловски.

Пред зградата на Работничкиот дом, каде е сместено седиштето на ССМ во Скопје почна протестот на Сојузот на синдикати организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Објавено пред

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада.

dobivaj vesti na viber

Според неа, без воспоставување на ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

 

„Денеска ви ја претставуваме една од заложбите на политичката програма „Европа 2030“ на Европскиот фронт, спроведување на процесот на проверка за сите носители на политички функции и носители на големи одговорности во областа на судството и борбата против криминалот и корупцијата. Без воспоставување на ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Владеењето на правото, правдата и доброто владеење гарантираат еднаква лојалност и одговорност за секој граѓанин пред законот. Борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе продолжи да биде бескомпромисна, со нулта толеранција, но овојпат засилена со точноста на системот за проверка во законодавната, извршната, судската, обвинителството и секоја друга функција во централно и локално ниво, за именувани или избрани лица“, вели Арта Билали Зендели.

Како што вели, ветингот ќе овозможи поголема транспарентност на богатството на кандидатите кои сакаат да преземат јавна одговорност и како се постигнува тоа богатство.

„Ова објективно следење ќе биде поттик за сите и можност за чесни човечки капацитети да излезат на површина за да им служат на потребите на луѓето. Ветингот за корупција е неопходна категорија која еднаш засекогаш ќе ја затвори вратата за поединци кои го ставаат личниот интерес над општото. Европскиот фронт за првпат инсистира и на примена на проверка на руското влијание и антидржавните служби за да се елиминира ризикот од дестабилизација и дезориентација на земјата од евро-американската ориентација. Донесувањето на посебен закон за ветинг ќе биде најсилниот одговор против секоја тенденција за манипулација и злоупотреба на јавната положба“, завршува Арта Билали Зендели.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Објавено пред

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени, се вели во одговорот на социјалдемократите на вчерашната понуда на ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

Вчера Максим Димитриевски, претседателот на ЗНМ рече дека единствен услов за евентуална соработка со СДСМ е оставка на раководството на партијата во рок од 24 часа, а носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати.

 „Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности. СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ. Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување“, соопшти денеска СДСМ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија25 минути

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија50 минути

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија2 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија3 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија3 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија3 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет4 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет4 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет4 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија5 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија16 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија16 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија17 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија17 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија20 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија21 час

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија23 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија24 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија1 ден

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...