Македонија
Тренчевска: Насилството не е приватна работа затоа се стремиме сервисите да бидат присутни во сите населени места

Потпишан нов меморандум за тесна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје. Меморандумот беше потпишан од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и извршната директорка на здружението Салија Беќир Халим. Со потпишувањето ќе се овозможи унапредување на положбата на жените жртви на семејно и родово базирано насилство, ќе се овозможи соработка помеѓу Центарот за психо-социјална поддршка за жени жртви на семејно и родово базирано насилство на територијата на Шуто Оризари.
Воедно меморандумот треба да придонесе кон олеснета размена на информации и соработка со единствена цел – услугите за жртвите на насилство да бидат подостапни до жените од Шуто Оризари.
„Родово базираното насилство е акт кој остава трага на секоја жртва. Затоа ние како министерство ќе ја поддржиме секоја граѓанска организација која се залага да даде можност што повеќе жртви да го надминат претрпеното насилство и повторно да се интегрираат во општеството. Насилството не е приватна работа, тоа е предизвик на институциите кој го надминуваме заедно со иницијативите на граѓанските организации“ рече Тренчевска при разговор со извршната директорка.
На крајот од средбата на која се потпиша меморандумот директорката Халим се заблагодари за препознавањето на нивната работа и за можноста да се потпише меморандум кој ќе биде од особена важност на здружението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемени утринските температури во државата, најстудено било во Крушево и Пожаране

Најстудено утрово било во Крушево и Пожаране каде што се измерени -2 степени, -1 било во Берово и Попова Шапка, 0 во Виница, Тетово и Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец и Претор, 5 во Охрид.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнсувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.