Македонија
Тренчевска: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање активности што го унапредуваат нивниот квалитет на живот
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на Фондацијата „Лоза“, и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на Фондацијата „Лоза“. На средбата се разговараше за идни проекти, кои може да се реализираат во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Фондацијата.
На министерката ѝ беше презентиран план за донација од Фондацијата „Лоза“ од 3 сензорни соби наменети за потребите на корисниците сместени во Специјалниот завод во Демир Капија.
Министерката на крајот од средбата се заблагодари за поддршката, разменетите идеи и искуства. Таа истакна дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живеење на лицата со попреченост. Тренчевска посочи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

