Македонија
Тренчевска: Работиме на системски и трајни решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Здружението на слепи лица од Штип.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и за можностите за унапредување на нивниот живот.
„За справување со предизвиците секогаш треба да се користиме со правните и законски механизми. Здруженијата во нашата држава имаат целосна слобода и се независни од Владата, ние сме тука за да бидеме сигурни дека законот се почитува затоа што демократијата на оваа Влада ѝ е на прво место“, рече Тренчевска.
Тие разговараа за правата и услугите кои ги нуди државата, како и нивната важност во унапредувањето на квалитетот на живот на слепите лица.
Тренчевска посочи дека Владата и здруженијата треба заедно да се залагаат во насока на обезбедување соодветно вработување на лицата со попреченост. Со овие заложби ќе добијат економска независност и нема да се потпираат на правата од социјалната заштита туку ќе бидат економско обезбедени.
„Работиме на системски и трајни решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост. Од особена важност за мене е да најдеме начин како континуирано да го унапредуваме квалитетот на живот на слепите лица“, дополни Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

